еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО ја зголеми проценката за заканата од коронавирусот на највисоко ниво: Подгответе се

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ризикот од ширењето на новиот коронавирус е „многу висок“, откако вирусот се прошири во најмалку 49 земји.

– Jа зголемивме нашата проценка за ризикот од ширењето и ризикот од изложеност на Ковид-19 на многу висок на глобално ниво, изјави директорот на (СЗО), Тедрос Гебрејесус.

Извршниот директор на програмата за вонредни здравствени состојби на СЗО, Мајк Рајан изјави дека СЗО се наоѓа на највисоко ниво на предупредување или на највисоко ниво на проценка на ризикот во однос на ширењето и во однос на влијанието.

Тој додаде дека зголемувањето на степенот на ризик не се обидува да ги алармира или да ги исплаши луѓето.

– Ова е проверка на реалноста за секоја влада на планетата: Разбудете се. Подгответе се. Овој вирус можеби е на пат и треба да бидете подготвени. Вие имате должност кон вашите граѓани, вие имате должност светот да биде подготвен, истакна Рајан.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имунитетот е најдобар сојузник во борбата против корона вирус, како да го подобрите

Пресметавме колкави се шансите секој од нас да заболи од корона вирус и каква е стапката на смртност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работат, а живеат во сиромаштија

Редакција

Отфрлена кривичната пријава против градоначалникот на Сарај за дивите платформи на Матка

Редакција

Спасовски не се откажува, чека од ВМРО-ДПМНЕ предлог за министерското место на Мизрахи

Редакција