еМагазин
Свет

СЗО ќе ја процени кинеската вакцина „Синофарм“ на 26 април, a „Синовак“ на 3 мај

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја проценат вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител „Синофарм“ на 26 април за можно одобрување за итна употреба, по што на 3 мај треба да следи проценка на втората кинеска вакцина произведена од „Синовак“, соопшти денеска СЗО.

– Очекуваме одлука за одобрување неколку дена по проценката, потврдија претставници на СЗО.

Потврда за безбедност од СЗО досега добија вакцините произведени од „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“, што им помага на регулаторните тела на државите при издавањето дозволи за употреба.

МИА/Фото: Photo by Spencer Davis on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД загрижени поради зближувањето на Кина и Русија

Редакција

Над 2,5 милиони лица во светот заразени од корона вирусот, починати 172.406

Редакција

САД тестираа хиперсонично оружје, кое Русија веќе го употребува во Украина

Редакција