еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО сè уште не ја поддржува идејата за воведување „ковид пасоши“

Светската здравствена организација (СЗО) не го поддржува барањето за „ковид пасоши“ за пристап до различни земји и институции поради несигурност дали вакцинацијата го спречува пренесувањето на вирусот, како и стравувањата од нееднаквост, изјави портпарол на организацијата.

Британската Лабуристичка партија предупреди дека „ковид потврдите“, според кои луѓето треба да докажат дека се вакцинирани за да влезат во продавници, угостителски објекти и други затворени и јавни места, можат да бидат „дискриминаторски“.

Лидерот на партијата Кир Стармер изјави дека е подготвен да гласа против мерките, пишува Гардијан.

– СЗО моментно ги разгледува кинеските вакцини Синофарм и Синовак за можна итна употреба кон крајот на април, бидејќи се потребни повеќе податоци, додаде портпаролката на СЗО, Маргарет Харис за време на брифингот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: „Вакциналните сертификати во кафеана не се никаква гаранција- вакцините не штитат од заразување со омикрон сојот кој е 100% доминантен“

Редакција

Една година помалку затвор за поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески: Апелација ги намали казните за „Транспортер“

Редакција

Кој го финансира македонскиот клуб во Благоевград

Редакција