еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој го финансира македонскиот клуб во Благоевград

Во бугарскиот град Благоевград денеска се отвара македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, а неговото отварање предизвика лавина од реакции во Бугарија, но и во Македонија.

Македонските власти, тргнувајќи од претседателот Стево Пендаровски, до премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, сихноризирано потенцираа дека станува збор за клуб позади кој стојат приватни лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Транспаренти “Македонија е бугарска“ во Благоевград за отворањето на македонскиот клуб

Ковачевски: Клубот во Благоевград е финансиран од приватни лица, на кој начин е регистриран треба да проверат бугарските институции

Македонија има културен центар во Софија, кој е подржан од државата, па ова е втор македонски клуб во Бугарија, а Ковачевски деновиве после неколку месеци повторно најави дека државата ќе отвори македонски културен клуб во Благоевград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се меша ли Османи во внатрешните работи на Бугарија со проверката за тоа кој стоел зад македонскиот клуб во Благоевград?

Османи пак отиде подалеку од сите и најави дека ќе проверувал кој тоа стои зад македонскиот клуб и дека неговото отварање не е во функција на стратешки интереси на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Македонската нација е вештачка, Вапцаров е Бугарин“: Што пишува во решението на Советот на Благоевград за забрана на македонскиот клуб

Советот на Општина Благоевград пак усвои скандалозна Декларација против отварањето на клубот, а бугарскиот премиер Галаб Донев, кој исто така потенцираше дека станува збор за приватен клуб, изјави дека клубот не бил регистриран според бугарските закони, ама не кажа дека неговата земја не дозволува регистрација на здруженија на Македонци, кои пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур добија неколку пресуди по таа основа, а членката на Европската Унија, Бугарија не спроведе ни една.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот клуб во Благоевград не бил регистриран, а како да се регистрира кога Бугарија не дозволува

Кој го финансира?

Кој го финансира македонскиот културен центар “Никола Вапцаров“ не е тајна и се знаеше уште пред неколку месеци.

Главни финансиери се припадници на македонската заедница во Торонто, Канада – Глигор Цанев и Минчо Остас, а посредник е Македонско меѓународно движење за човекови права.

Станува збор за друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија, информираа од ОМО „Илинден“ – Пирин деновиве.

– Отворањето на културен клуб по име на поетот антифашист Никола Вапцаров не е исто со отворање на „културен“ клуб на име на терорист и хитлеров соработник. Културните активности на Македонците во Бугарија не се провокација! Културните активности на Македонците во Бугарија не можат да штетат на вистински и искрени добрососедски односи – токму спротивно!

Оставете ние, Македонците во Бугарија, да решаваме од што имаме потреба и што ни оди во наш интерес. Вие така или инаку се имате откажано од нас! Оние што не се откажаа од нас – доаѓаат во недела. Тие се добродојдени!, посочија од ОМО „Илинден“ – Пирин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Вандализирана бистата на Вапцаров во Скопје пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија, кој го носи неговото име

Уште пред да се отвори вандализиран македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров“ во Благоевград

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Официјално од МВР: Македонските граѓани може да влегуваат во Грција

Редакција

Двесетина лица се заразиле со коронавирусот на семејниот настан во Скопје

Редакција

Каков имот пријавил суспендираниот судијата Мустафа Шахини, чии мандат е продолжен за две години

Редакција