Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, потпреседател на ВМРО-БНД, која денеска во Благоевград ќе протестира поради отварањето на македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров“, на Фејсбук објави фотографии на кои се гледаат транспаренти “Македонија е бугарска“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Провокативните статуси и изјави на европратеникот со територијални претензии за Македонија не се ништо ново, а нив пред некој ден со протесна нота реагираше и македонското Министерство за надворешни работи, по што следеше “блага“ реакција на бугарското, а од ЕУ, во чиј Парламент, Џамбаски испрати и нацистички поздрав, за што беше парично казнет, немаше никаква реакција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој го финансира македонскиот клуб во Благоевград
Фото: Фејсбук/Џамбаски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.