еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По Алијанса за Албанците и Беса, со свој предлог за уставни измени и Алтернатива

По предлогот на Алијанса за Албанците и Беса од Уставот да се тргне формулацијата „друг јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението“ и Алтернатива вчера излезе со свој предлог за уставни измени, со кој кривичните дела против службената должност нема да застаруваат.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вчера изјави дека очекува за нивниот предлог да се обединат сите политички партии во земјата.

– Законите можат да имаат повратно дејство и во случаите поврзани со застарување на кривичната одговорност за сторени злоупотреби од страна на избрани и именувани лица при практикување на јавни овластувања со кои е причинета штета на јавните фондови, буџетските средства на централно и локално ниво и со таквите злоупотреби е стекната противправна имотна корист, е предлогот на Алтернатива.

Во однос на барањето на дел од албанските партии да се избрише од Уставот формулацијата „јазикот што го говорат повеќе од 20 проценти….“, од Алтернатива велат дека се согласни, но сметаат дека дебатата за ова прашање треба да се води внимателно, бидејќи, како што посочуваат, не смее да има победници и поразени.

– Сакаме да бидеме јасни. Алтернатива се спротивставува на сите обиди за негирање на македонскиот јазик и идентитет. Целосно ја разбираме чувствителноста на ова прашање за нашите сограѓани Македонци. Затоа, сакаме преку градење заеднички пристап взаемно да ги разбереме и решиме сите заеднички грижи, велат од Алтернатива.

Движењето Беса по редовниот состанок на Централното претседателство во петокот, уште еднаш го реафирмира ставот дека треба да се промени Уставот и да се отстрани, како што велат, понижувачкиот термин „20 проценти“ и да се замени со албански јазик.

В.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари најави дека пратениците од оваа партија начелно ќе гласаат за уставните измени со кои Бугарите треба да се внесат во Уставот, но дека имаат услови, коишто ќе им ги презентираат на „поважните амбасади низ Македонија“.

-Еден од условите е да се тргне „терминот 20 проценти“ од Уставот и македонскиот и албанскиот јазик да се користат како службени јазици во земјата, рече Таравари.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија со нота до Македонија: Реагира за дел од слоганите на протестите во Скопје

Редакција

Кој е Зарко Милошевски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

Уставен суд оформи предмети за бугарските здруженија „Иван Михајлов“ и „Борис Трети“

Редакција