еМагазин
Image default
Свет

СЗО се уште проценува дали да ја одобри руската вакцина „Спутник“

Светската здравствена организација (СЗО) се уште ги разгледува податоците за руската антиковид вакцина Спутник В, со цел да ја одобри за итна употреба.

Соопштението дојде откако рускиот министер за здравство Михаил Мурашенко во претходните денови изјави дека административните прашања се главната пречка за СЗО да одлучи дали ќе одобри итна употреба на вакцината Спутник.

Евентуалното одобрување на Спутник би значело меѓународна доверба во вакцината по ригорозна ревизија и би можело да ја отвори вратата за вклучување на руската вакцина во програмата Ковакс, која планира рамномерна дистрибуција на вакцините низ целиот свет.

„СЗО продолжува да го оценува Спутник од различни производствени локации и ќе ја објави одлуката кога ќе се знаат сите податоци и кога ќе заврши ревизијата“, се наведува во соопштението на СЗО.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради немање напредок во преговорите помеѓу Русија и Украина, нов раст на цената на нафтата

Редакција

Украина ја загуби контролата врз системот: Радијацијата од Чернобил зголемена за седум пати

Редакција

По 57 години членство: Катар се повлекува од ОПЕК

Редакција