еМагазин
Image default
Македонија

Таравари: Да покажеме респект кон семејството Меџити за смртта на нивната ќерка

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска одржа прес-конференција на која изрази сочувство до семејството Меџити за губење на нивната ќерка и ги отфрли гласините што беа ставени на јавноста со ставот дека овој случај ќе биде неуспех на општинско раководство и дека некој ќе има политичка корист од оваа многу болна несреќа.

Во мое лично име и во име на сите гостиварци, би сакал на семејството Меџити да им изразам најискрено сочувство. Како што знаете, на 5 ноември, почина една млада девојка. Девојка која никогаш не би знаела дека со нејзината смрт, ќе стане политичка игра и шаховска фигура.

И покрај гневот акумулиран овие денови кои сме ги броиле со часови, јас и мојот тим нема да паднеме на ниво на посмртни кампањи, ќе ја сочуваме почитта кон споменот за ова девојче и за семејството Меџити“, рече Таравари.

Тој додаде дека според полицискиот извештај, точно е појаснето зошто и како се случила несреќата.

„Се што произлезе од гласините што се појавија побрзо од самата вест за смртта, не е точно. Вистината е најтешка, нејзината загуба! Секој новинар, граѓанин, политичар или криминалец кој себеси се нарекува поинаку, е слободен да оди и подетално да се информира во полиција што се случило. Јас не давам никаков детал кој поткопува во раната предизвикана од оваа голема загуба за семејството Меџити.

На ова семејство, исто како и нам ни е јасно како тоа се случило, a што е само несреќа која не е предизвикана од никаква небрежност, туку само од судбината која се поигрува со вакви трагедии.

Би ве замолил да покажете респект во овие тешки часови за семејството Меџити. Особено ова барање го упатувам до оние кои се заслепени од копнежот за власт и сакаат да прават политика со човечка трагедија. Тука до мене требаше да биде таткото на починатата, но тој веќе три часа е во полиција. Претпоставувам дека го држат во полиција со цел да се изврши квалитетна истрага, а не со некаква позадина да не учествува на оваа прес-конференција.

Јас сум лекар по професија, но никогаш не научив како да бидам цврст во вакви случаи. Нека младата девојка биде близу до Бога! Им благодарам на гостиварци за покажаната солидарност во анксиозните часови додека се трагаше по телото. Го молам Бога, на сите нас, а особено на семејството Меџити, да ни ја ублажи болката на она што заминува и никогаш не се враќа. Ова е една од најтешките прес-конференции што сум одржал, да даде Господ да биде и последна од ваков вид Нека почива во мир!”, рече Таравари.

Фото: Општина Гостивар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Таравари единствен градоначалник во Македонија кој директно работи на проблемот со кучињата скитници

Детали од МВР за девојчето кое се удави во Вардар бегајќи од куче-скитник

Детали од Обвинителството: Девојчето кое се удави било нападнато од куче кога се враќало од училиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предавање на Љубчо Георгиевски во Софија одложено по упад на Ангел Џамбаски

Редакција

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана

Редакција

Лажниот лекар од Вевчани ќе одговара за три дела

Редакција