еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Телата на загинатите во автобуската несреќа ќе бидат пренесени авионски во четврток и најдоцна до петок ќе бидат предадени на семејствата

Предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе биде направено преку организиран државен протокол во најдоцна во петок, информира Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември, г-дин Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември.

Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден, петок 3 декември, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови,“ објави Османи на својот Фејсбук-профил.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мадона наполни 60 години

Редакција

(Видео) Ердоган пристигна во Србија: Српската традиција и протестот на таксистите главен декор за пречек

Редакција

„Рекет” влегува во нова фаза: Судењето продолжува со презентација на материјални докази

Редакција