еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев и Гаши постигнале согласност за програмскиот дел од можната идна соработка, дополнително ќе се разговара за кадровските решенија

На средбата на премиерот Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, кои со своите тимови имаа работна средба во Клубот на пратеници е постигната начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата.

Како што соопшти владината прес-служба соговорниците се согласни дека реформскиот и европскиот курс за кои се определени граѓаните и државата мора да продолжат и дека во овие моменти најважна е стабилноста на институциите на државата кои им служат на граѓаните.

На тој начин, се додава во соопштението, ќе се обезбедат и најдобри решенија за најголемите актуелни предизвици како што се Ковид-19 пандемијата и глобалната енергетска криза.

-Започнаа разговорите за преземање и споделување одговорности во интерес на граѓаните и државата, пришто се разменија мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт, стои во соопштението на владината прес-служба.

Во деновите што следат, ќе продолжат консултации во партиите, по што ќе следи и нова работна средба помеѓу премиерот Заев и претседателот на Алтернатива, Гаши со нивните тимови.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казнети 463 граѓани за неносење маски

Редакција

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Редакција

Хусни Исмаили избран за нов потпретседател на Собранието

Редакција