еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Хусни Исмаили избран за нов потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“ Хусни Исмаили од редовите на партијата Алтернатива е избран за потпретседател на Собранието на Македонија, во рамки на денешното продолжение на 71.седница.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го прекина продолжението на оваа седница и најави дека за нејзиното продолжение пратениците дополнително ќе бидат известени.

Седницата почна со задоцнување од еден час, а на неа не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На дневен ред на оваа седница е и Интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, поднесена од пратеницита од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба Заев-Гаши: Има напредок во преговорите, но се уште нема договор за влез на Алтернатива во Владата

Редакција

Иџет Мемети остана без пасош поради случајот со поткуп

Редакција

Две наставнички и 15 деца во изолација: Рекордни 54 случаи позитивни на Ковид-19 во Тиквешко

Редакција