еМагазин
Image default
ЖИВОТ

TeleDoc и Diagnose.me  – нови платформи за онлајн лекарски прегледи и медицински консултации

Следејќи ги глобалните трендови и иновации во полето на приватното здравствено осигурување, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во своите здравствени планови за прв пат на нашиот пазар ја имплементира и телемедицината како составен дел од основното осигурително покритие, а овозможена преку  платформите на австрискиот партнер – лидер на  европскиот пазар на телемедицината –  TeleDoc и Diagnose.me, информираат од таму.

Со избор на било кој од здравствените планови за доброволно приватно здравствено осигурување (Economy, Basic, Optimum, Premium), автоматски добивате и годишна претплата за Телемедицина преку платформите на TeleDoc и Diagnose.me.

ТeleDoc платформата дава можност за неограничен број на видео консултации со лиценцирани општи лекари од Македонија, 24/7/365 без никаков исклучок, временско или територијално ограничување.

Исто така доколку сте на пат или надвор од земјата ова е најбрзиот начин да добиете помош за каква било здравствена состојба, достапна веднаш преку мобилен телефон, лаптоп уред или пресонален компјутер.

Согласно остварениот видео повик осигуреникот ќе добие брза првична дијагноза, терапија, или во најмала рака конкретна насока за понатамошно постапување, со цел спречување на дополнителен прогрес на здравствена состојба, односно што побрзо постапување по истата, токму преку првичната брза реакција во вид на видео консултација со доктор, како и валидeн, меѓународно признат „розов рецепт” за набавка на потребни лекарства.

Во ситуациите пак каде што е потребно второ стручно специјалистичко лекарско мислење, дигиталната платформа Diagnose.me овозможува брз и едноставен пристап до интернационално признати лекари специјалисти од голем број на земји, кои се дел од базата на Diagnose.me.

„Телемедицината придонесува да се избегнат непотребни иницијални упатувања на пациентите помеѓу различните нивоа во здравствениот систем, придонесува за намалување на неговата оптовареност и секако придонесува во намалување на не секогаш потребните отсуства од работните места како и  избегнување на појавата на преполни чекалници.

Но, намерата на телемедицината не е да ги замени консултациите со лично присуство, туку истите квалитативно да ги надополни, преку брз и лесен пристап до првично лекарско советување во врска со одредена здравствена состојба“, велат од ВИНЕР.

Повеќе информации може да најдете ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сирените на брзата помош „ечеа“ во Охрид од почит кон Дијана Димоска и жртвите на Ковид-19

Редакција

Доаѓа зима: Од утре минусни температури, од вторник снег

Редакција

Почина најмладата медицинска сестра, жртва на Ковид-19 вирусот

Редакција