еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Телефонски разговор Османи-Ескобар: Уставните измени и Северот на Косово во фокус

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан на кој е направен осврт кон соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, а разговарале и за актуелната политичка состојба во државава.

-Османи реферираше за новиот акциски план кој е во финална фаза на усвојување во Владата, со што проектите и областите договорени во рамките на Стратешкиот дијалог ќе станат дел од Владината програма за работа, соопшти попладнево Министерството за надворешни работи.

За време на разговорот, биле отворени темите за регионалните актуелности, состојбата на Северот од Косово, како значајно прашање со поширок импакт во регионот.

Соговорниците ја реафирмирале поддршката за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, повикувајќи на активности за деескалација на состојбата, повлекување на барикадите и обезбедување непречени услови за владеењето на правото.

„Тема на средбата беа и актуелните политички состојби во земјава, со фокус на европското досие и преземените обврски за непречено продолжување на процесот на преговори преку исполнување на обврската за уставни измени во земјава.

Соговорниците разменија мислење и за приоритетите и амбициите на РС Македонија при од претстојното претседавање со ОБСЕ за што беше реафирмирана поддршката од САД за успешно претседавање на земјава, соопшти Министерството за надворешни работи.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српската премиерка Брнабиќ: Тоа што и се случи на Македонија е опасен преседан, потекло на јазик не е билатерално прашање

Редакција

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупно 1.212

Редакција

Нови 185 лица заразени со корона вирусот, во Скопје 96

Редакција