еМагазин
Image default
Македонија

Телма: Камчев понудил 1,7 милиони евра за домашен притвор, Апелација го одбила

Два стана, две куќи и 250 илјади евра во кеш, била последната понуда на адвокатите на Орце Камчев во обид да го убедат Апелациониот суд, осомничениот бизнисмен да биде пуштен од затворски во домашен притвор, објави телевизијата Телма.

Според телевизијата апелационата судијка Тања Милева оценила дека гаранцијата не е доволна, бидејќи и скопското Вишо обвинителство оценило дека и покрај толкава сума, се уште постои опасност од бегство.

Од Апелациониот суд за Телма потврдиле дека одлуката е донесена и испратена во надлежниот скопски Кривичен суд.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи на средба со Вуцас по повод терористичкиот напад во Виена: Силно го осудуваме терористичкиот напад

Редакција

Убава вест: Оздравени 58 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Редакција

Заев: Не сме многу далеку од договор со Бугарија

Редакција