Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во Карпош, каде пред зграда беше пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж.
„Во насока на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за смртта, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за криминалистичко-техничка обработка на станот во кој престојувало лицето и на неговиот автомобил.
Истовремено, ќе биде обезбедена и целокупната медицинска документација за починатото лице“, велат од Јавно обвинителство.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.