еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар кај Зајас, неколку лица пренесени во болница

Неколку лица се пренесени на болничко лекување и пружање на медициска помош по сообраќајната несреќа која се случи попладнево на магистралниот патен правец Кичево-Гостивар во близина на Зајас. Во тек е увид на местото и сообраќајот е во прекин.

Според информациите од СВР Охрид, во предел помеѓу селата Зајас и Грешница околу 15 часот дошло до сообраќајна несреќа во која учестувале три патнички возила и едно товарано (шлепер).

Набрзо по пријавата, неколку лица се пренесени до медицински установи за пружање на помош.

Причините кои довеле до несреќата ќе се знаат по увидот кој е во тек.

Од АМСМ известија дека поради сообраќајна незгода на патниот правец Кичево-Гостивар од 15.35 часот сообраќајот е во прекин во двата правци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Актерката Џејми Ли Кертис доби тегла мед од Атиџе

Редакција

Кумановец фатен како остава амфетамин во поштенско сандаче

Редакција

Предложени, па повлечени измени за студентскиот оброк со кои голем број студенти би останале без него

Редакција