еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски Телеком продолжува со успешно работење и во првото полугодие од 2023 година

Македонски Телеком го продолжува позитивниот тренд на раст и развој во сите сегменти и во првото полугодие од 2023 година, информираат од таму.

-Нашиот главен стратешки фокус останува на интензивното ширење и зголемување на капацитетот и квалитетот на мрежата, особено на оптичката и 5G инфраструктура, за да обезбедиме уште подобро корисничко искуство.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA), којашто минатата година бележеше пад, во првите шест месеци од 2023 е зголемена за 7,7 проценти споредено со истиот период минатата година. И нето добивката е во пораст од дури 29,8 проценти.

Вкупните приходи од продажба се стабилни, во чии рамки се бележи раст на приходите од основниот бизнис од 6,3% во мобилниот сегмент и 3,5% во фиксниот сегмент, велат од таму.

Супериорноста на мрежата останува стратешки приоритет и продолжува интензивното ширење на оптичката и 5G инфраструктура, посочуваат од таму.

-Во првите шест месеци од годината, бројот на оптички пристапи е зголемен за 11% и изнесува 290 000. Ова е резултат на планот за масовна миграција на корисниците од бакар на оптика во сите делови од државата каде што има оптичко покривање.

Продолжува ширењето и на 5G мрежата, којашто сега е достапна во поголемиот дел од земјата, а до крајот на годината ќе покрива 70% од населението, велат од компанијата.

Во првите шест месеци од годината, бројот на корисници се зголемува во сите сегменти, што  е потврда за задоволството на корисниците измерено со TRI*M индекс од 94, велат од таму.

-Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 2,8  проценти и изнесува 206,2 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи исто така порасна за 2,8 проценти.

Остануваме лидер на ТВ пазарот со удел од 33,8 проценти и раст од 1,2 проценти или 148,7 илјади корисници. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 3,1 проценти, со што бројот на корисници достигна 1,27 милиони. Во фиксната телефонија, остануваме на водечката позиција со удел од 61,5 проценти и 225 илјади корисници, велат од компанијата.

-Одличните финансиски резултати од првото полугодие на 2023 година ја потврдуваат нашата долгорочна стратегија за континуирани инвестиции во развојот на најдобрата мрежа и во супериорно корисничко искуство. Остваривме раст на бројот на корисници во сите сегменти и интензивен развој на оптиката, 5G технологијата и пристапот до широкопојасен интернет.

И покрај сите предизвици коишто денес влијаат врз бизнисите на глобално ниво, имаме стабилен раст и развој и верувам дека ќе го продолжиме овој тренд и до крајот на годината, истакна Славко Пројкоски, главен директор за финансии на Македонски Телеком.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еси“ го доби тендерот на Народна банка за привремени вработувања вреден 19.000 евра

Редакција

„Алкалоид“ урива рекорди: За три месеци добивка од 4,7 милиони евра и 55 нови вработувања

Редакција

„Виз ер“ со 10% попуст на картите купени денеска

Редакција