еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ со 10% попуст на картите купени денеска

„Виз ер“ најави попуст од 10% на избрани летови во својата мрежа. Билетите се достапни само денес, 6 јули, за патниците на WIZZ кои сакаат да патуваат на или пред 30 септември 2023 година.

„„Виз ер“ нуди широк спектар на рути по ниски цени до најатрактивните дестинации во Европа, како што др од Скопје до Maлта, Бoлоња, Базел-Мулхаус или шведските градови Стокхолм и Векше. Билетите се достапни за онлајн резервација на wizzair.com и преку мобилната апликација.

Подарете си себе си, на вашето семејство или пријателите изненадување и полетајте на топло место, повторно посетете го вашиот омилен град или започнете нова авантура,“ велат од компанијата.

Со својот 6-ти авион што ќе биде доделен на базата во Скопје до крајот на 2023 година, „Виз ер“ ќе понуди зголемени фреквенции на постоечките линии и ќе започне со работа на две нови дестинации од главниот град на Македонија.

Патниците ќе можат да патуваат за Љубљана од 27 септември, два пати неделно и три неделни лета од 31 октомври, а за Луксембург од 18 декември, со три неделни лета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Методија Димовски именуван за нов генерален секретар на Владата

Редакција

Бектеши уверува: Има доволно залихи на основните производи, нема место за паника

Редакција

За инцидентот со пратеникот на ДУИ, Адеми, за СДСМ виновна е ВМРО-ДПМНЕ

Редакција