еМагазин
Image default
Локално

Тешко повреден велосипедист во „сообраќајка“ со две товарни возила во Струмица

На 19.09.2019 во 14.30 часот на ул. Климент Охридски во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген Л80“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(33) од Штип, товарно возило „волво ФЛ 280“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.А.(23) од Струмица, кој се обучувал од автошкола за управување со возилото и велосипед управуван од Н.К.(37) од Струмица, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Автомобил паднал во Вардар кај болницата Аџибадем Систина, во тек е акција за извлекување

Редакција

14-годишно момче загина, откако во него со автомобил удри 18-годишник

Редакција

Со одлука на Националниот парк Шар Планина се забранува користењето ратраци за скијачки тури

Редакција