Тетекс АД Тетово за периодот јануари-септември 2023 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.
-Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 114.752 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови производи и стоки.
За тековниот период, во финансиските приходи се евидентирани приходите од примени дивиденди во износ од 77.688 илјади денари, додека минатата година истите изнесуваа 28.615 илјади денари.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2023 година изнесуваат 120.771 илјади денари, додека во истиот период во 2022 година изнесуваа 48.714 илјади денари.
Остварената добивка за периодот изнесува 40.378 илјади денари, а истиот период минатата година истата изнесуваше 18.267 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Згасна ќерката фирма на Тетекс – Петролгас
Тетекс повторно откупи сопствени акции
Тетекс стави имот под хипотека, кој вреди повеќе од 5% од вредноста на капиталот на Друштвото
Фото: Тетекс