еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Започна исплатата на пензиите кои се повисоки за 8,4%

Од денеска почнува етапната исплата на пензиите за март, зголемени за 8,4 отсто, согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: денеска е исплатата на пензии до 11.000 денари, утре (среда) на тие што се во износ од 11.001 до 14.000 денари, во четврток пензиите од 14.001 до 18.000 денари и в петок, 31 март, ќе се исплаќаат пензиите во висина над 18.001 денари.Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите може да располагаат од денеска и можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

МТСП во известувањето појаснува дека новата методологија за раст на пензиите следи два индикатора односно 50 отсто од порастот на просечната плата и 50 отсто од порастот на трошоците за живот.

-Ова усогласување се врши два пати во годината, март и септември, и претставува постојан раст на пензиите, наведува МТСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОЛАФ бара Македонија да врати 660 илјада евра за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Редакција

(Видео) Брачен пар и нивната неродена ќерка се меѓу загинатите во нападот на православната црква во Газа

Редакција

Макрон: Франција ќе застане покрај Македонија за време на првата меѓувладина конференција

Редакција