Македонското Собрание направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај С Македонија за време на првата меѓувладина конференција, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на „Твитер“.
– Со суверено гласање денес за предлогот што го даде Франција пред крајот од нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија, македонското Собрание повторно направи решителен избор за Европа.
Франција ќе застане покрај С Македонија за време на првата меѓувладина конференција која ќе отвори историска етапа во нејзиниот процес на пристапување кон Унијата, пишува во објавата на Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.