еМагазин
Image default
Бизнис

Тетекс лани со нето-добивка од 70,8 милиони денари

Тетекс АД Тетово за периодот јануари-декември 2020 година оствари нето добивка во износ од 70.857 илјади денари, искажана во неревидираниот Биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.

„Оперативните приходи изнесуваат 160.161 илјади денари со следна структура на учество: приходи од продажба изнесуваат 76.910 илјади денари, капитализирано сопствено производство изнесува 4.886 илјади денари, останати оперативни приходи изнесуваат 78.365 илјади денари.

Приходите од продажба се состојат од: продажба на производи и стоки на домашен пазар – 61.536 илјади денари, продажба на производи и стоки на странски пазар – 15.374 илјади денари„, информираат од компанијата.

Покрај ова во структурата на приходите остварени на домашен пазар се вклучени и приходи од други услуги 7.180 илјади денари.

„Оперативните расходи изнесуваат 115.653 илјади денари, а во истиот период 2019 година изнесуваа 225.993 илјади денари.

Бидејќи во 2020 година дојде до запирање на производниот процес, трошоците за материјали и суровини значително се намалија од 96.147 во 2019 година, на 20.072 илјади денари во 2020 година.

Се намалија и останатите трошоци и трошоците за услуги. Значајна ставка во билансот на успех се трошоците за вработени, во која спаѓаат исплатите на отпремнина на 173 производствени работници кои беа прогласени како технолошки вишок согласно Законот за работни односи, во износ од 21.124 илјади денари„, велат од компанијата.

Во финансиските приходи се вклучени и приходите од дивиденда кои Тетекс АД ги оствари во ТТК Банка во износ од 41.475 илјади денари.

„До 31.12.2020 година исплатена е дивиденда во вкупен износ од 63.046 илјади денари, што претставуваше 152,223 денари бруто дивиденда по акција„, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку заработи лани Тетекс од продажба на имот и опрема

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да платите патарина доколку немате смарт-картичка или ТАГ

Редакција

Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО со 11,4 милиони евра убедливо на врвот

Редакција

Оне.Вип го доби тендерот на Здравствен дом Скопје за фиксна телефонија вреден 134.000 евра

Редакција