еМагазин
Image default
Бизнис

Тетекс со добивка во првите девет месеци

Тетекс АД Скопје за периодот јануари-септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

Остварената добивка за периодот изнесува 18.267 илјади денари.

-Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 44.067 илјади денари, и истите се  резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи и стоки.

За тековниот период во финансиските приходи од 28.694 илјади денари, се евидентирани приходите од примени дивиденди, а истиот период минатата година се бележат приходи од 66.513 илјади денари од примени дивиденди.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 48.714 илјади денари и во споредба со истиот период во 2022 година, кога изнесувале 40.388 илјади ден, бележат зголемување за 21%“, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Тетекс, Бобан Гоговски купи акции во ТТК Банка

Тетекс со зголемена добивка во првите шест месеци

Бобан Гоговски назначен за директор на Тетекс

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австрија ја стави Македонија на „црвена листа“ за ковид-безбедни земји

Редакција

„Фруктал МАК“ оствари добивка од 3,3 милиони денари за три месеци

Редакција

ЈСП купи гориво од Пуцко петрол во вредност од 26,8 милиони евра

Редакција