еМагазин
Image default
Бизнис

Тетекс со драстично зголемување на добивката во првото полугодие

Остварената добивка на Тетекс АД Тетово во првото полугодие изнесува 23.230 илјади денари, а истиот период минатата година истата била 5.361 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 76.173 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи и стоки.

За тековниот период во финансиските приходи од 60.281 илјади денари, се евидентирани приходите од примени дивиденди. Минатата година истите изнесуваа 17.781 илјади денари.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2023 година изнесуваат 82.325 илјади денари, велат од таму

Расходите во истиот период во 2022 година изнесувале 28.644 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетекс откупи сопствени акции

Тетекс со добивка во првиот квартал

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Витаминка ја зголеми добивката

Редакција

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 33.000 евра

Редакција

АСОМ: Стоп за срамниот, неевропски, неуставен, дискриминирачки и монополски Закон за игри на среќа

Редакција