еМагазин
Image default
Бизнис

Тетовски Интерпромет со драстичен раст на добивката

Во првите девет месеци од годинава Интерпромет АД Тетово остварило приходи од 82.024 илјади денари, кои се за 64.599 илјади денари поголеми од приходите во истиот период од минатата 2022 година кога тие изнесувале 17.425 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

-Друштвото оствари позитивен финансиски резултат во бруто износ од 69.655 илјади денари наспроти бруто добивката во истиот период за предходната 2022 година во износ од 87 илјади денари што претставува зголемување или нето добивка поголема за 62.611 илјади денари.

Ова зголемување се должи на Договор за купопродажба на недвижен имот склучен на ден 20.06.2023 година помеѓу Интерпромет и друштво за видеопродукција, маркетинг и услуги Лгроуп ДООЕЛ Тетово.

Во периодотод 01.01- 30.09.2023 година Друштвото оствари расходи во износ од 12.369 илјади денари, кои се за 4.969 илјади помали од расходите во истиот период за минатата 2022 година кога тие изнесувале 17.338 илјади денари, велат од таму.

Интерпромет во јуни годинава.на Лгроуп му ја продаде стоковната куќа Центар за 1,6 милион евра.

-Менаџментот на Друштвото ја донесе оваа одлука со цел да се покрие загубата од претходните години со цел акционерите на Друштвото во иднина да земаат дивиденда за своите акции, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовски Интерпромет со драстичен раст на добивката во првото полугодие

Интерпромет доби нов Управен одбор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За половина денар поскапи бензините, за исто толку поевтин дизелот

Редакција

Продаден блок од 15.966 акции од Стопанска банка Битола за 30 милиони денари

Редакција

Наталија Алексова реизбрана за член на Управниот одбор на ТТК Банка

Редакција