еМагазин
Image default
Бизнис

За половина денар поскапи бензините, за исто толку поевтин дизелот

За половина денар од полноќ поскапуваат бензините, а за исто толку поевтинува дизелот. Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот ќе биде 52,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,351 денари за килограм, во однос на претходно утврдената цена. Така, сега новата цена на мазутот ќе изнесува 25,709 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дејан Левески нов управител на ОИЛКО

Редакција

Пад на прометот на Македонската берза во август

Редакција

АСОМ до Владата: На мала врата сакате да протнете штетен закон со кој се враќа дивото обложување

Редакција