еМагазин
Image default
Бизнис

Тетовски Жито Полог во првите девет месеци од годината со добивка

Жито Полог АД Тетово за периодот јануари – септември 2021 година оствари позитивен финасиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на упех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2021 година изнесуваат 218,354 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат намалување за 5 %.

Во структурата на приходи најголемо учество – 95% имаат приходите од продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат намалување за 9%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2021 година изнесуваат 210,624 илјади денари и во споредба со истиот период во 2020 година бележат намалување за 7%.

За периодот од 01.01.2021 година до 30.09.2021 година остварена е добивка од 5,793 илјади денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продадени два блока акции од Жито Полог за 128.000 евра

Акционерите одобрија: „ЗК Пелгонија“ го продава „Скопско поле“ на „Жито Полог“ за 3,2 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само со воведување на светски стандарди може да се спасат лозарството и винарството во Македонија

Редакција

Најголем дел купени од фирмата “Колид“ од Колешино: За новогодишни пакетчиња државните институции и општините потрошиле 72.000 евра

Редакција

БИМ АД Свети Николе оствари добивка од 50,2 милиони денари

Редакција