еМагазин
Image default
Свет

„Тежи“: 186,3 милијарди долари: Бернард Арно е најбогат човек во светот

Најбогатиот човек на светот од вчера е францускиот моден магнат Бернард Арно, кој го престигна сопственикот на Амазон, Џеф Безос, на врвот на листата на најмоќни луѓе во светот.

Списанието „Форбс“ го проценува богатството на Арно на 186,3 милијарди долари, што е за 300 милиони долари повеќе отколку што има Безос.

Промената на врвот се случи откако богатството на Арно, кој беше „тежок“ 76 милијарди долари во март минатата година, скокна за 110 милијарди долари благодарение на деловната активност на неговата „Луј Витон Груп“ (ЛВМХ), чии членови се „Фенди“, „Кристијан Диор“, „Живанши“.

Вредноста на ЛВМХ се зголеми за 0,4 проценти во текот на утринските часови, со што Арно заработи 600 милиони долари, а групата 320 милиони долари.

На трето место е сопственикот на Тесла, Елон Маск, чие богатство се проценува на 147,3 милијарди долари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Волстрит журнал“: Ковид-19 можно е да протекол од кинеска лабораторија во Вухан

Редакција

Евростат: 22% од населението во ЕУ живее ризик од сиромаштија или социјална исклученост

Редакција

Светот во 2020: Познати личности кои се заразија со Ковид-19

Редакција