еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Евростат: 22% од населението во ЕУ живее ризик од сиромаштија или социјална исклученост

Во 2022 година, 95,3 милиони луѓе во Европската Унија (22% од вкупното население) биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, односно живееле во домаќинства кои се соочуваат со најмалку еден од трите ризици: сиромаштија, тешка материјална и социјална состојба и живеење во семејства со многу ниска вработеност, објави Евростат.

Најмногу луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост има во Романија (34%), во Бугарија (32%), Грција и Шпанија (по 26%).

Од друга страна, пак, најмалку сиромашни и население во социјален ризик се регистрирани во Чешка (12%), Словенија (13%) и Полска (16%).

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на Жерновски и директорот на Тутунски комбинат Прилеп

Редакција

Нов раст: 81 случаи на Ковид-19 од 5.315 тестирања, најмногу од Скопје и Тетово

Редакција

Форбс: Од десeтмината најбогати во светот осум се Американци

Редакција