еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нов раст: 81 случаи на Ковид-19 од 5.315 тестирања, најмногу од Скопје и Тетово

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 5.315 тестирања, а регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19.

Од новозаразените, од Скопје се 27, Тетово – 25, Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово  – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 156.380, а бројот на активни случаи изнесува 525.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Во Скопје активни се 171, Тетово 135, Куманово 59, Прилеп 11, Битола 18, Велес 5, Гостивар 36, Кавадарци 3, Охрид 8, Штип 5,Струмица 12 , Струга 6, Кочани 6, Кичево 15, Гевгелија 2, Неготино 0, Свети Николе 3, Ресен 0, Крива Паланка 0, Радовиш 3, Берово 2, Делчево 1, Дебар 17, Виница 0, Пробиштип 0, Валандово 5, Богданци 0, Крушево 0, Демир Хисар 0, Демир Капија 0, Кратово 0, Македонски Брод 0, Пехчево 2, Македонска Каменица 0, Дојран 0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Толку високо зголемување на дневните бројки не сме виделе уште од ланското попуштање на мерките по Рамазан бајрам и Св. Кирил и Методиј

На повидок нов бран на Ковид-19, невакцинираните и тие што не го прележале вирусот на „удар“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР предупредува: Зголемен број лажни наградни игри, граѓаните да внимаваат со личните податоци

Редакција

Пред два дена се исплатени 120 милиони евра на „Бехтел и Енка“, тврди Мицкоски

Редакција

Што пишува во биографијата на Крешник Бектеши, старо-новиот министер за економија 

Редакција