еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Тежок удар: Египет ја порази Македонија со 38:19 на Светското првенство во ракомет

Македонската ракометна репрезентација доживеа тежок пораз во денешниот меч против Египет на Светското првенство.

Репрезентативците на домаќинот победија со 38:19 против нашите ракометари, а тешкиот пораз можеше да се почувствува уште на полувремето кога резултатот беше 20:6 за Египѓаните.

Македонија загуби и во првиот дуел со Шведска што се одржа пред два дена и сега е на последното место во групата.

Македонските ракометари се уште имаат шанса да го продолжат првенството, што ќе зависи од резултатот во натпреварот со Чиле, којшто се игра во понеделник во 15:30 часот.

Фото: Фејсбук/РФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец со нож ги убил сопругата и нејзината мајка по што се самоубил скокајќи од прозорец

Редакција

Детален преглед: Вкупно 17 економски мерки на Владата „против“ кризата од корона вирусот

Редакција

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 1,50 на 1,25 проценти

Редакција