еМагазин
Image default
Македонија

Продолжуваат судењата за „Титаник“ и „Тврдина 2“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Титаник“ и „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Предметот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се презентираат околу 5.900 материјални докази предложени од СЈО.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Во „Тврдина 2“  првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК. Минатата расправа беше одложена поради недоставената пресуда на Врховниот суд на Грција од страна на Министерството за правда.

На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои според СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 12 оздравени од Ковид-19

Редакција

Студентските домови што се во лоша состојба во 2023 ќе бидат вклучени во планот за инвестиции, најави Ковачевски

Редакција

(Видео) Ковачевски се сретна со Зеленски: Македонија e на вистинската страна на историјата и продолжува со поддршката за Украина

Редакција