еМагазин
Image default
Македонија

Трајко Вељаноски: Ми беше тешко да молчам за лагата дека сум вмешан во „Монструм“

По денешното сведочење на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Монструм“, во кое меѓудругото кажа дека ниту поседува, ниту видел докази дека поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски е инволвиран во овој случај, на Фејсбук се огласи Вељаноски:

“Премолчував долго време, а тоа не беше воопшто лесно и едноставно за мене.

Бев цел на планирани и оркестрирани напади, базирани на класични лаги и измислувања.
Политиката во Македонија стана поле каде неморалните, лажливците и луѓето без етика најмногу успеваа во минатите неколку години.

Долги години одредени пара-структури протураа лага дека сум бил некако замешан во случајот Монструм. Ми беше тешко да молчам, но знаев и верував дека еден ден се ќе стане јасно и ќе биде чисто дека тоа беше конструирана лага за мое лично оцрнување.

Нападот против мене е ништо и е незначајно во споредба со болката на семејствата на петте прерано згаснати млади животи. Одлуката некој да си поигрува со нивните судбини и чувства е тешко бреме кое ќе остане до крајот на животот.

Не посакувам на никого да ги преживува лагите и нападите што јас ги преживеав со оваа ниска и гнасна конструкција. Луѓето што ја смислиле и пласирале со години немаат морал.

Денес кога се е јасно, јас само ќе им порачам да им стои на чест и совест. Ако имаат чест и совест, нема да им е лесно засекогаш“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот градоначалник Бејта разговарал со еден од обвинетите за „Монструм“ за субвенции, вели Заев

Заев: Не поседувам ниту сум видел докази за инволвираност на Вељаноски во „Монструм“

Заев на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро им презентирал аудио-материјали, но не им дал копија

Фото: Фејсбук/Вељаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исказот на „Нинџа” e дискредитиран и не може да му се верува, смета адвокатот на одбраната во случајот за „организатори на 27 април“

Редакција

Починаа четири лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.462

Редакција

Црн рекорд: Од корона вирусот починаа 11 лица

Редакција