Апелот за пронаоѓање на Даниела Пецевска од Дрчаево за жал заврши трагично, бидејќи нејзиното безживотно тело е извадено од водите на реката Вардар.
– Од водите на Вардар кај железничкиот мост во село Горно Лисиче, извлечено e женско тело од екипа од БППЗ – информираат од МВР.
Од МВР за МИА потврдија дека телото од почината жена што вчера околу 13 часот беше најдено и извадено од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче е на 38-годишната Д.П. од Драчево.
Телото вчера било предадено на обдукција и врз него не се најдени траги на насилство.
Сопругот на Даниела, но и нејзини блиски пријатели неделава постојано упатуваа апел на социјалните мрежи за нејзино пронаѓање.
Таа во понеделникот излегла од дома за на работа и не се вратила. Сопругот информираше дека нејзиниот телефон последно бил лоциран кај Три Бисери.
Пецевска беше мајка на три деца.
МИА