На 16.04.2019 година во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на булеварот „Борис Трајковски“ и улица „4“,Љ.А.(52) од с.Д.Лисиче, скопско, бил прегазен од товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што претходно тој го управувал, по што починал на местото, информира МВР.
Според пријавеното, Љ.А. го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали имало простор за да помине по улицата. Според пријавеното, во еден момент возилото се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазило Љ.А.. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.