еМагазин
Image default
Локално

Тракторист загина во тешка сообраќајка кај Југокомерц во Кавадарци

Тракторист загина утрово во Кавадарци во тешка сообраќајка кај Југокомерц, кога се судриле трактор и автомобил.

Информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој рече дека не може да даде повеќе детали оти увидот на местото е во тек.

Според првичните информации, возачот на тракторот бил роден 1951 година. Возачот на патничкото возило бил пренесен во Општа болница Кавадарци.

Синоќа исто така имаше судар на трактор и автомобил кај фабриката Дрекслмаер, при што загина младо лице.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лихвари изнудувале брачен пар: За заем од 500 евра им зеле камата од 340 евра

Редакција

Арачиновец нападнал полицаец сред полициска станица

Редакција

Малолетници пукале со воздушна пушка на товарен воз, нема повредени

Редакција