еМагазин
Image default
Свет

Трамп се враќа, најави кандидатура за претседател на САД во 2024 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вчерашниот говор на конференцијата за Конзервативна политичка акција (КПАК) навести кандидатура за Белата куќа во 2024 година, повторувајќи ги своите тврдења дека демократите ги „украдоа“ изборите во 2020 година.

Си-Ен-Ен наведува дека Трамп од говорницата на КПАК во Орландо се обидел да ја врати својата и да обезбеди најголемо влијание во Републиканската партија пред меѓуизборите во 2022 година.

– Далеку од тоа дека нашето неверојатно патување ќе заврши. Ќе победиме, а Америка ќе биде посилна и поголема од порано, рече Трамп.

Иако има истакнати критичари во партијата, повеќето републиканци застанаа на страната на Трамп за време на конференцијата во Орландо, додека државните и локалните партиски претставници почнаа да ги осудуваат републиканските пратеници кои го поддржаа неговото отповикување, информира телевизијата.

МИА/Фото: Фејсбук/Трамп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беше талентиран бизнисмен, изјави Путин за смртта на Пригожин

Редакција

Украинскиот регион Херсон ќе стане дел од Русија, најави новиот гувернер

Редакција

Во Саудиска Арабија почна мировниот самит за Украина, без учество на Русија

Редакција