еМагазин
Image default
Бизнис

Треба согласност и интерес и од Грција за ставање во функција на железничката линија кај Меџитлија

Проектот железничка пруга Битола-Меџитлија е завршен и има употребна дозвола и е во функција, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Според министерот Бочварски, во наредниот период работни групи на техничко ниво од Македонија и Грција треба да ги договорат деталите за целосно ставање во функција на железничката линија.

-Оваа делница поврзува две држави, а ние треба да имаме согласност и интерес од страна на соседна Грција за ставање во функција на железничката линија.

Нашите работни групи се подготвени на техничко ниво за да разговараат за почнување, односно ставање во функција на железничката линија. Ние сме целосно подготвени и очекувам интерес да покаже и Република Грција, изјави Бочварски, на новинарско прашање при посетата на Битола.

На 1 февруари годинава стартуваше железничкиот превоз на патници од Битола до селата Кравари и Жабени каде што во моментов завршува, а железничката линија е трасирана за возовите да патуваат до Лерин и Солун.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Квалитетот на градежните материјали и начинот на нивната употреба влијаат на безбедноста на градбите

Редакција

Косана Мазнева е нов директор на „Комунална хигиена“

Редакција

Уставен ќе одлучува за Законот за банки откако ќе се провери евентуален судир на интереси на судиите со Еуростандард банка

Редакција