еМагазин
Image default
Бизнис

Трговскиот ланец „Жито маркети“ отворија продавница во Влае

Жито Маркети ја отворија својата нова продавница во Скопје, со којашто сега мрежата на овој национален трговски ланец во главниот брои 18 маркети, информираат од таму.

Новиот маркет се наоѓа на улица 1606, број 10, во Влае, во Општината Карпош.

„Отворањето на уште еден во низата маркети во Скопје ја потврдува нашата деловна политика да се доближиме до нашите ценети потрошувачи што е можно поблиску. Од друга страна, тоа значи и дека ја оправдуваме довербата што ни ја укажуваат македонските граѓани, преку професионалната услуга, популарната ценовна политика и широкиот асортиман на производи.

Следењето на овој концепт, всушност, е наш приоритет кон задоволување на потребите на нашите купувачи, коишто добиваат вредност плус за нивниот буџет, односно, промовираме ценовна политика која го почитува паричникот на граѓаните,” изјавија од менаџерскиот тим на Жито Маркети.

Маркетот во Влае е уреден во согласност со глобалните трендови за пазарење, со сопствен паркинг простор и со пристап за лица со инвалидност и други погодности.

Асортиманот на продавницата вклучува различни категории производи по поволни цени, вклучително и сопствениот приватен бренд на Жито Маркети – брзорастечката “5ка”.

Маркетот располага со простор за свежо овошје и зеленчук, што секојдневно се надополнува, од добавувачот Фруитленд. Одговорните во Жито Маркети најавуваат многу подароци, акции, промоции и други изненадувања за купувачите.

Маркетот е со површина од 310 м2, со 110 м2 магацински простор, има две наплатни каси, со десетина вработени. Работно време од понеделник до сабота е од 07:30 до 21:30 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макстил лани работел со зголемена добивка

Редакција

(Видео) „Виз ер“ со нови мерки за безбедност од корона вирусот: Патниците ќе мора да носат маски за време на летот

Редакција

Централна кооперативна банка со добивка во првиот квартал

Редакција