еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Три министерски места, двајца заменици-министри, директорски позиции: Алијанса за Албанците влегува во Владата

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари по состанокот на Централното претседателство информираше дека партијата ќе биде дел од Владата.

Тие досега воделе преговори со премиерот Димитар Ковачевски, при што е договорено да имаат три министерски места и двајца заменици-министри.

До одлуката на АА дојде и по извршеното внатрепартиско референдумско изјаснување на членовите по електронски пат кои го одобриле учеството на партијата во извршната власт.

-Добивме фит бек од повеќето членови на АА дека добро е Алијанса да биде дел од Владата. Исто така повеќето членови на Централното претседателство донесоа одлука со пакетот што го презентиравме АА да биде дел од Владата и тоа со два заменици министри за одбрана и за земјоделство и три министерстерски места – правда и здравство се сигурно и третото министерство ќе биде или Министерството за информатичко општество или заменик-премиер за економски прашања.

Ова се одлуките, а за кадровските решенија ќе продолжи состанокот на Централното претседателство, изјави Таравари.

Тој рече и дека во текот на денешниот ден продолжуваат преговорите со премиерот Ковачевски околу кадровските решенија и најави дека денеска ќе се дадат имињата за можни идни министри и заменици-министри.

„Има и директорски места меѓутоа јас не би влегол во таква дискусија сега. Прво да се избере Владата после тоа ќе ги назначиме нашите директори. Во периодот што е пред нас ќе се знаат и кои се институциите со коишто ќе раководи АА.

Нашата мисија оваа година е да ја направиме разликата во раководење со одредни институциии и се надевам да се постигне целта на нашата мисија, истакна Таравари на прес-конференцијата по состанокот на Централното претседателство.

Партискиот лидер рече дека не знае точно кога би можело да има избор на нова Влада и дека тоа ќе биде согласно процедурите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Славче Трпески: Не сум потпишал ниту едно решение за унапредување на службеници во Агенцијата за катастар

Редакција

Сите детали: Медицинска сестра нападната од семејство на починат на КАРИЛ

Редакција

(Графикон) Просечната возраст на заболените со коронавирусот во Македонија е 43,8 години

Редакција