еМагазин
Македонија

Три нови случаи на Ковид-19 во Делчево, сите се асимптоматски на возраст од околу 40 години

Со три нови случаи Делчево и денеска е на листата на градови со пораст на заболени од вирусот Ковид-19.

Според информациите од делчевскиот Здравствен дом, случаите се асимптоматски, а новозаболените се на возраст од околу 40 години.

Како што додадоа од установата, во насока на спречување на ширење на заразата, зголемена е координираноста на лекарите и Кризниот штаб.

-Можеме слободно да кажеме дека координацијата меѓу Кризниот штаб, лекарите и останатите надлежни за поефикасно детектирање на контактите со заразените е зајакната.

Иако засега немаме заболени во поголеми работни организации и компании, во меѓувреме се зголемува свеста кај сите правни и физички субјекти. Како пример за ова ќе го наведеме и фактот што неколку фирми самоиницијативно веќе започнаа со тестирање на вработените, заради што контролата за спречување на ширење на заразата, исто така се зголемува, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.

Во текот на денешниот ден освен во Делчево нови случаи регистрирани се и во околните градови Берово и Пехчево. Во овие две општини денеска има вкупно пет случаи со што бројката на активни случаи во овие две малешевски општини во овој момент изнесува 39 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кафулињата се преполни, се одржуваат веселби: Се очекува зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 во Дебар

Во Куманово 23 новозаболени од Ковид 19

Осум новозаболени од Ковид-19 во Тетово, Јегуновце, Теарце и Брвеница

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска со прекршочни глоби за неподнесување анкетни листови, повеќето за екс-директори

Редакција

Адвокатот на Боки-19, Дуковски за Камчев: Тотално непотребен беше овој сведок

Редакција

Следува период на променливо облачно и потопло време

Редакција