Според податоците од Министерството за здравство во изминатото деноноќие се регистрирани три нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна 263 лица.
Сто случаи се активни, 153 се излекувани и десет лица се починати.
Д-р Станко Трпески, директор на Општата болница и член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево информира дека денешните податоци зборуваат дека има тренд на намалување на активни случаи во Кичево.
– Денеска имаме тројца нови лица заразени и имаме дури 9 оздравени, според податоците од Министерството за здраство со коронавирусот во Кичево, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 263 лице, од кои 100 се активни, 153 се излекувани и десет лица се починати.
Денешните податоци зборуваат дека повторно има трендот на намалување на активни случаи во Кичево, рече Трпески.
Тој упати апел до сите граѓаните да ги почитуваат препораките дадени од надлежните здравствени институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четири новозаболени од Ковид-19 во Куманово, еден во Липково
Петмина новозаболени од коронавирусот во Тиквешко
Нови 78 случаи на Ковид-19 од 860 тестирања
МИА/Фото: Општина Кичево