Центарот за јавно здравје изминатото деноноќие на подрачјето на тетовскиот регион бележи три нови лица кои се позитивни на Ковид-19.
Со новите тројца, вкупниот број на дијагностицирани со Ковид-19 во шестте општини во тетовско достигна вкупно 1.200 лица, покажуваат бројките за евиденција во Институтот за јавно здравје.
-По еден случај на новозаболени има во општините Тетово, Брвеница и Боговиње, информираше д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на 40 луѓе изготвени им се прекршочни платни налози поради што ќе треба да платат 20 евра во денарска противвредност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела со Ковид-19 заразени 69 лица до 19 години
За една недела 839 нови случаи на Ковид-19 од 29 градови
МИА/Фото: Општина Тетово