еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ТРИ со голем број на новитети на Саемот на книгата

Овогодишниот Саем на книгата на штандот на ТРИ носи многу нови наслови, не само од светската книжевна сцена, туку и од домашната.

Од 8 до 14 септември, на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“ ќе можете да се почестите со бескрајна инспирација спакувана во изданијата на ТРИ и на Паблишер.

Во текот на саемот ќе се промовираат и новите книги на Наташа Сарџоска, Стефан Марковски, Виолета Танчева-Златева и Нона Марковска.

Покрај нив, пристигнуваат и големите светски книжевни хитови од јапонската книжевна ѕвезда Мураками, новата читачка атракција „Ахиловата песна“ од Мадлин Милер, нови дела од нобеловците Казуо Ишигуро и Марио Варгас Љоса.

Саемскиот попуст ќе важи и во книжарниците и онлајн. Не се пропуштаат ниту средбите со нашите ексклузивни автори, кои ќе потпишуваат книги за време на Саемот. Еуфоријата е веќе започната! Каталогот се наоѓа на следниот линк: bit.ly.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Vivax заедно со MS Start и MS Energy од M SAN претставени на IFA 2019 во Берлин

Редакција

Македонија прв пат ќе тестира има ли храна третирана со јонизирачко зрачење

Редакција

Започнува наградната игра на Охридска банка и Visa „Визарата може се“: Suzuki Swift и 10 електрични тротинети дел од наградниот фонд

Редакција