еМагазин
Image default
Македонија

Досега не е изречена ниту една казна за одбивање на граѓани да се попишат

Од почетокот досега попишани се околу 150.000 лица, информираа денеска надлежните од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Директорот Апостол Симовски и заменик директорот Иљми Селами денеска ја посетија регионалната пописна комисија за Куманово и Старо Нагоричане. Директорот на Државниот завод за статистика, Симовски вели дека се прави апдејт и рестартирање на процесот за да се отстранат какви било проблеми во иднина.

– Моите информации се дека се прави апдејт и рестартирање на целокупниот процес за да се избегнат какви било падови што може да се сторат со она прекинување на работата во текот на вчерашниот ден и дека немаме проблем во однос на тој дел сега.

Денешното рестартирање на процесот е да нема вакви случаи во целиот процес затоа го рестартираме, она што вчера ни се случи, тој технички проблем, најдено е решението и се прави ова за да го нема тој проблем. Системот беше прекинат заради тоа што се рестартира.

Секогаш кога работите со технологија, можни се вакви случаи, тие беа предвидени однапред и затоа има цела екипа и од провајдерот на апликативното решение и од провајдерот на интернет конекцијата, постојана екипа којашто е спремна да интервенира, луѓето интервенираа и еве се отклонуваат работите, изјави Симовски.

Досега не е изречена ниту една казна, вели Симовски, кој се надева дека нема да биде изречена ниту една до крајот на процесот.

За лицата кои се во изолација, попишувачите ќе добијат адреси и со нив ќе се договорат кога ќе може да се спроведе пописот, според протоколите или ќе се договорат и ќе почекаат додека лицето излезе од изолација.

Тој оцени дека има добар прием кај населението, работите и во овој регион се одвиваат без проблеми. Во Куманово има доволен број попишувачи.

Претседателот на пописниот реон за Куманово и Старо Нагоричане, Александар Гелевски, рече дека пописот во реонот се одвива регуларни, ангажирани се 310 лица, од нив 258 реонски попишувачи, 26 реонски инструктори и 26 како резервни попишувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во првите два дена од пописот, попишани 136.773 лица, 41.478 домаќинства и 59.953 станови

Дали може да си ги проверите податоците кои попишувачот ги внесува за Вас

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската министерка Петровска во Бугарија, ја пречека бугарскиот колега Заков

Редакција

Ново видео од нападот на бугарски навивачи во Чаир

Редакција

Средба Меркел – Заев: Берлин ќе даде зелено светло за датум во септември

Редакција