еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

„Трибенкс“ ќе засадат 10.000 дрвја во Македонија

Македонската компанија Treebanks во рамки на својата хуманитарна и општествено одговорна работа ќе засадат 10.000 дрвја од видот дуглазија, даб и багрем, информираат од таму.

Со цел да ги исполнат плановите за 2020 година Treebanks ќе засадат дрвце за секој што ќе се регистрира на нивниот е-билтен.

Дрвјата ќе бидат засадени на повеќе локации во Македонија до средината на месец декември во зависност од временските услови и природната вегетативна хибернација на садниците.

„Нашата визија за 2020 беше различна, имавме цел да собираме по 500 дрвја месечно преку нашите постоечки канали, но за жал не успеавме. Решивме наместо да инвестираме во реклами, со помош од граѓаните да инвестираме во тоа што најдобро го знаеме, садење дрвја.

Ќе засадиме по едно дрво за секој што ќе се зачлени на нашиот е-билтен. Кампањата почна од 11.11.2020 и ќе трае до 18.11.2020. Целта е да засадиме 10.000 дрвја,“ изјави Михаил Стевчев, основачот на Treebanks.

Treebanks до сега, во 2019 имаат засадено 1.700 дрвја, на четири локации во Македонија (Водно – Скопје, Охрид, Езеро Младост – Велес и Радовиш).

На крајот од месец октомври 2020 година ја ко-организираа акцијата Trees of friendship (Дрво на пријателството) преку која засадија 60 дрвја од видот платан во Општина Аеродром. Treebanks средствата за садење на дрвја ги обезбедува преку филијални партнерства.

Едноставно, вие го резервирате вашето патување, а Treebanks садат дрво за без пари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Албанија се фали со бетонизирање на Охридското Езеро

Редакција

Бидејќи нема кој: Акција на ДОМ за ослободување на зациментираните дрвjа

Редакција

(Фото) Тажни сцени од некогашната убавина: Преспанското езеро исчезнува

Редакција