еМагазин
Image default
Локално

Трилер во Скопје: Татко и два сина претепале и прегазиле шест полицајци

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица кои нападнале шест полициски службеници кои повикале пајак служба да острани неправилно паркирано возило сопственост на еден од обвинетите.

„Обвинети се татко и неговите два сина, кои на 15 септември годинава на панаѓур во населба Шуто Оризари, заедно нападнале и телесно повредиле шестмина униформирани полициски службеници од ПС Чаир кои заради нормално одвивање на сообраќајот, повикале пајак-служба која пристигнала и пристапила кон отстранување на автомобилот „фолксваген пасат“, сопственост на еден од обвинетите. Тој влегол во возилото, го стартувал и тргнал напред, при што удрил во оштетените полицајци, нанесувајќи им телесни повреди“, информираат од ЈОРМ.

Еден полициски службеник преку отворениот прозорец се обидел да го отклучи автомобилот и да го спречи обвинетиот во натамошните дејствија. Обвинетиот излегол од возилото и заедно со брат му и уште неколку други непознати лица физички ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со тупаници по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди.

Откако на помош пристигнале и други полицајци и обвинетите биле обезбедени, пристигнал нивниот татко, кој исто така започнал физички да се пресметува со полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетник прободен со остар предмет во трговски центар во Аеродром

Редакција

Почина млад затвореник во Идризово

Редакција

Дежурни ординации денеска има во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар

Редакција