Неколку дена по ред главна вест од Македонската берза се крупните блок-трансакции со акции од Комерцијална банка АД Скопје, што предизвика интерес во бизнис заедницата во земјава.
На 28 јануари во блок трансакција вредна 23,5 милиони денари или околу 382.000 евра на Македонската берза се продадоа 3.000 акции од Комерцијална банка АД Скопје. Акциите се продадоа по цена од 7.850 денари за акција.
На 1 фавруари во блок-трансакција вредна 24 милиони денари или околу 390.000 евра на Македонската берза се продадоа 3.000 акции од Комерцијална банка АД Скопје. Акциите се продадоа по цена од 8.000 денари за акција.
Потоа, Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза информира дека Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор, се стекнал со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
Банката исто така информира дека Илија Илоски, главен оперативен директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, се стекнал со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
Купорпордажбата на акции во блокови продолжи и вчера откако во блок-трансакција вредна 7,7 милиони денари или околу 126.000 евра се продадоа 1.000 акции од Комерцијална банка. Акциите се продадоа по цена од 7.750 денари за акција.
Овие транскации не придонесоа за значителна промена во однос на сопственичката структура на банката.
Имено, подолг период најголем поединечен сопственик кој поседува над 5 отсто од акциите е компанијата „Адора инженеринг“ на Ванчо Чифлиганец која поседува 11, 42 отсто од вкупниот број акции на банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продаден блок акции од Комерцијална банка за 126.000 евра
Илија Илоски купи 1.000 акции од Комерцијална банка
Хари Костов купи 1.000 акции од Комерцијална банка