еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува црниот биланс: Тројца починати од Ковид-19 во болницата во Велес

Продолжува црниот биланс на починати во Општата болница во Велес.

Вчера попладне починале двајца мажи, еден на 89 години од Велес и еден од Свети Николе на 68 години. Утрово во болницата почина маж од Велес на 51-годишна возраст, кој е 45-та жртва на Ковид-19 во Велес и Велешко од почетокот на епидемијата во земјав

Како што информираше портпаролот Весна Неделковска-Николова, во велешката Општа болница хоспитализирани се 79 пациенти, од кои 67 потврдени, седум сомнителни и пет негативни на вирусот.

На кислородна поддршка се 34 пациенти, што е најмногу досега. Инфективното и Интерното одделение – Б крак се целосно пополнети, а на Одделението за физикална медицина каде има 25 легла, хоспитализирани се 10 пациенти.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за правда го демантира Мицкоски: Амандмани за Законот за јавно обвинителство не се доставени

Редакција

(Фото) Захариева неинформирана: Бугарски културен центар во Македонија има уште од 2005 година

Редакција

Кои се носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори

Редакција